бучен | прид.

Што прави многу бучава. Бучните караници обично завршуваа со тепачка.

бучи | несв.

Прави бука, бучава. Нашиот лифт бучи. Бучеа снежните води на Бабуна.

буџа | м.

Важна личност најчесто од политичкиот свет.

буџет | м.

Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие итн., за определен период. Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто.

буџетар | м.

Лице што работи во буџетска установа.

буџетски | прид.

Што се однесува на буџет. Буџетска организација. Буџетски дефицит.

Буџумбура | ж.

Главен град на Бурунди.

буша | ж.

Раса домашно говедо.

бушав | прид.

Што не е исчешлан. Таа имаше долга бушава руса коса.