вчури | св.

Вчади, зачади. Ќумбето ја вчури собата.

вџари се | св.

Се загледа, се втренчи, се внесе во некого. Војникот се вџарил во селанените.

вџасен | прид.

Што се вџаси. Неговиот гладен и вџасен поглед ја жежеше под кожа.

вџаси се | св.

Се запрепасти од нешто. Претрпна, се вџаси и рипна од столот.

вшантрави се | св.

Стане кривоног.

вшатори се | св.

Се разграни.

вшие | св.

Зашие, сошие внатре. Му вшив потполнки на мантилот.

вшир | прил.

Во ширина, хоризонтално. За изминативе години, пишувачот на овие редови вдолж и вшир го прошета светот.

вшмука | св.

Со шмукање, со вовлекување (течност, воздух и сл.) влече во себе или во нешто. Вшмука бензин.