ваган | м.

Сад од кој се јаде; чинија. На масата лежеше ваган со густа чорба.

вагина | ж.

Канал што води од надворешниот дел на женскиот полов орган до матката.

вагинален | прид.

Што се однесува на вагина. Вагинални мускули. Вагинален секрет.

вагон | м.

Железничка кола. Товарни вагони. Патнички вагон. Вагон-ресторан.

вагонетка | ж.

Мал вагон за превоз на градежен материјал, руда и сл. Со вагонетки ја разнесуваа рудата.

вада | ж.

Мал јаз, бразда што служи за доведување вода за наводнување. Потекоа бранчиња на првата вада на пченките озгора.

вадалка | ж.

Градинарска канта за вадење, за полевање. Носеше од чешмата вода и ја прскаше со вадалката по леите.

вадар | м.

Тој што вади, што полева цвеќиња, растенија и сл.