вадарина | ж.

Такса за наводнување, за вадење.

вадачка | ж.

Заработка. Тешко дека ќе има вадачка од оваа работа.

вадеава | прил.

вади 1 | несв.

а) Извлекува нешто од некаде (надвор). Го вади часовникот од џебот на панталоните. Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата. Зафати да вади вода од бунарот. б) Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело). Итар Пејо му вади заб на еден селанец. Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот. в) Извлекува нешто од друг, посебен предмет. Мајсторот ги вадеше шајките од штиците.

вади 2 | несв.

Наводнува, полева со вода. Селаните ги вадеа своите ниви.

вадидуша | м.

Мачител. Ти да не можеш да му ја вратиш душата, вадидушо?

вадилка | ж.

Машина за вадење од земја компири, кромид и сл.

вадици | и.

Вид рибарска мрежа.

Вадуц | м.

Главен град на Лихтенштајн.