гушест | прид.

Што е со голема гуша. Гушеста жена.

гуши | несв.

Чисти риба. Жената гушеше риби на чешмата.

гушка | несв.

Прегрнува, стиска со рацете во прегратка. Мајката го гушкаше детето.

гушка | ж.

Дебел кожен набор под брадата. Надвор стоеше човек со дебели образи и гушка од која не можеше да ја закопча кошулата.

гушне | св.

Прегрне, стисне во прегратка. Го гушна и го бакна.

гуштер | м.

Влечуга со четири нозе и со долга опашка, се храни со инсекти; Lacerta.

гуштерник | м.

Место каде што има гуштери.