гавран | м.

Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун; Corvus corax.

гавранов | прид.

Што му припаѓа на гавран. Гавраново перо. Гавранов клун.

гага | прил.

Бесплатно. Сношти добивме јадење гага.

гаѓа | несв.

Нишани, стрела, пука, цели во мета со огнено оружје или со некаков предмет. Сите наредени, еден по еден, гаѓаа во метата. Го гаѓаа песот со камења.

гаѓач | м.

Човек што гаѓа; стрелач. Тој добро нишанеше и беше најдобар гаѓач од војниците.

гагаџија | м.

Човек што сака бесплатно да добива разни услуги, обично јадење и пиење. Се собраа сите гагаџии.

гад | м.

Нечистотија, валканица, гадотија. Во затворот насекаде беше гад и смрдеа.

гаден | прид.

Што е одвратен, лош, подол. Гадни работи се случуваат.

гадинка | ж.

Дем. од гадина.