ефемерен | прид.

Краткотраен, безначаен. Ефемерни резултати.

ефенди | м.

Господин, господар

ефендица | ж.

Жена на ефендија.

Ефес | м.

Древен град во Мала Азија, денешна Турција.

ефикасен | прид.

Што дава добар резултат, успешен, сигурен. Ефикасна настава. Ефикасни методи.

ех | изв.

За изразување на различни расположенија: тага, копнеж, негодување. Ех, на старост срце да ти заигра! Ех, колку убаво ќе си поминевме.

ехо | ср.

Одраз, повторување на глас, звук; одглас, одек. Тоа лавна неколку пати, а ехото силно одекна. Оттаму идеше ехото на пукотниците.

ечи | несв.

Силно се гласи, има силен одек. Неговиот глас ечеше.

ешалон | м.

Дел од воена формација, воена единица поставена во колона, обично во движење. На полјанката се појавија нови четири ешалони.

ешарпа | ж.

Параден офицерски појас. Носеше ешарпа од бела свила на која висеше меч.