жабји | прид.

Што се однесува, што ѝ припаѓа на жаба. Од барите крај реката се слушаше жабјо крекање.

жабо | ср.

Пластрон од тантела, најчесто на женска облека, кошула или фустан што се носи под гушата, на градите.

жабок | м.

Мажјак на жаба.

жабра | ж.

Органи за дишење кај рибите и кај некои други видови водни животни. Рибите дишат на жабри.

жабуњоса | св.

Стане жабурлив, се покрие со жабурнак. Водата ги жабуњоса камењата.