забаботи | св.

Почне да баботи;

забава | ж.

Разонода, пријатен помин. Тој работи за забава на публиката. Децата секогаш наоѓаат некаква забава.

забава | несв.

забаваче | ср.

Дете што оди во забавиште. Нејзиното дете е забаваче.

забавен 1 | прид.

Што се одвива бавно, со помала брзина;

забавен 2 | прид.

Што забавува, разонодува, што е занимлив, интересен. Тој беше многу внимателен и забавен. Беше авантурист што сака возбудливи и забавни патувања.

забави 1 | св.

Прави нешто да се одвива побавно, ја намали брзината при движењето или при вршењето на друго дејство. Тој го забави чекорот. Тие го забавија истоварувањето на стоката од бродот.

забавиште | ср.

Претшколска установа за дневен престој на деца. Наесен ќе тргне во забавиште. Во селото нема забавиште. Во забавиштата владее епидемија на сипаници.

забавник | м.

Назив за разни публикации (списание, весник и сл.) што имаат забавен карактер. Редовно го читам неделниот Забавник за млади.