зулум | м.

Зло, насилство, терор, тиранија. Влегоа во селото и голем зулум направија. Разбојнички зулум.

зулумќар | м.

Тој што прави зулум, насилник. Зулумќари направија пустош во селото.

зулумџија | ж.

Тие зулумџии не почитуваат никаков закон.

зулуф | м.

Зулуфите ги пуштил до половина образ.

зумбул | и.

Декоративно цвеќе со ситни, гроздести цветови, со бела, сина, виолетова или розова боја и со пријатен мирис; Hyacintus orientalis. Букет од зумбули.

зурла | ж.

Дрвен народен дувачки инструмент со силен звук од типот на обоа. Се слушаа зурли и тапани.

зурлаџија | м.

Тој што свири на зурла. Образите му се дуеја како кај зурлаџија.

зџавка | св.

Почне да џавка. Зџавкаа сите во еден глас.