Иванден | м.

Христијански празник што се празнува во чест на светителот Св. Јован Крстител, на 7 јули според православниот календар. Иванденски петок ‒ петокот пред Иванден; Иванденско цвеќе ‒ Salvia sclavia.

иверица | ж.

Табла, штица добиена со пресување од лепило и иситнето дрво, иверки.

иверка | ж.

Ситни дрвца, трески што отпаѓаат при сечење дрва. Оган од иверки.

игла | ж.

Тенка метална прачка со остар врв на едниот крај и со мало дупче на другиот за вденување конец. Игла и конец. Танка игла. Игла за шиење. Врв од игла.

иглар | м.

Тој што изработува или продава игли.

игларче | ср.

Перниче на кое се боцкаат иглите при шиење или поради чување.

иглен | прид.

Што се однесува на игла, што е дел од игла. Иглен врв. Иглени уши.

игленица | ж.

Безопасна игла, игла со сигурносен начин на закопчување; безопасна.

иглест | прид.

Што има остар врв, што е во форма на игла. Иглести заби. Иглести лисја.