игличка | ж.

Дем. од игла. Со игличка вади трнче од прстот.

игловиден | прид.

Што има форма на игла, што личи на игла. Игловидни листови.

иглолисник | м.

Површина со иглолисни растенија; иглолисна шума.

иглолистен | прид.

За зимзелено растение ‒ што има лист во форма на игла. Иглолисно дрво. Иглолисна шума.

игнорант | м.

Неук човек, незнајко. 2.Тој што игнорира некого или нешто.

игнорантски | прид.

Што се однесува на игнорант. Игнорантска ненаучност. Игнорантски однос.

игноранција | ж.

Неукост, незнаење.

игнорира | св. и несв.

Свесно не обрне, не обрнува внимание, пренебрегне, пренебрегнува некого или нешто, презре, презира. Младата девојка го игнорираше присуството на пријателот. Тој ги игнорира компетенциите на судот.

иго | ср.

Окупаторски јарем, политичко и социјално ропство. Под иго јачат децата.

игра | несв.

Се занимава, се забавува на некако начин, со нешто, со некаква игра. Децата играа криенка. Малиот играше со татка си. Навечер игравме карти. Соседите често играа шах.