кабинет | м.

Работна соба; службена просторија, канцеларија. Се плашеше да влезе во својот работен кабинет. На два часа пред ручекот тој влегуваше во својот кабинет. Министерски кабинет.

кабинетски | прид.

Што се однесува на кабинет, што се одвива во кабинет. Кабинетска настава.

каблограм | м.

Телеграма испратена преку подводен кабел.

кабриолет | м.

Лека коњска кола, со подвижен покрив, слична на пајтон.

кабул | прид.

Во состав со глаголите чини, прави, стори – се согласи, даде дозвола; прифати, даде согласност за нешто. Не чинам кабул. А колку за пари кабул да не сториш. Он не ќе чини кабул да ни трпат децата.

Кабул | м.

Главен град на Авганистан.

кабули | несв.

Сака, прифаќа, се согласува, дава дозвола за нешто. Ќе се вратиме, ако кабулиш. Колку срце ви кабули, толку дајте!

кавад | м.

Дел од женска носија; долга наметка од свила или кадифе кај муслиманките. Беше облечена во црн кавад.

Кавадарци | ср.

Град во Македонија.