куцана | прил.

Со куцање, со кривење.

куцка | несв.

Куца по малку. Куцкаше, а патерица нејќеше да носи.

куцне | св.

Направи еден чекор со куцање.

куцоног | прид.

куче | ср.

Домашно животно што лае и обично има улога на чувар, пес; Canis familiaris. Куче чувар. Бесно куче. Полициско куче. Верно куче. Цела ноќ кучињата лаат.

кучешки | прид.

Што се однесува на куче. Кучешки лаеж. Кучешка храна.

кучило | ср.

Сите кучиња од едно котење; котило.

кучи се | несв.

За кучка – раѓа, се окотува. Загарката до вечера ќе се кучи.

кучка | ж.

Женка од куче. Кучката ги лиже кутрињата. Ја најдоа кучката окучена.

кучкарник | м.

Кучешка куќичка. Остави леб за кучката во кучкарникот.