луфа | ж.

Едногодишно растение кое многу потсетува на сунѓер, растителен сунѓер или сунѓереста тиква, служи за капење, миење садови и како индустриско влакно; Luffa.

луфт | м.

Празен простор меѓу две нешта што треба да бидат споени. Има луфт.

луфтира | св. и несв.

луцерка | ж.

Повеќегодишна мешунка во вид на детелина со многу подвидови, којашто се сее и коси како сточна храна; Medicago sativa. Ливада насеана со детелина луцерка. Сува луцерка.

луцерков | прид.

Што се однесува на луцерка. Луцеркова буба.

луциден | прид.

Што е јасен, светол, бистар, остроумен, прониклив. Луциден дух. Луцидна мисла. Луцидни заклучоци.

лучница | ж.

Дрвен сад за толчење лук. Ја стави лучницата во скутот и почна да толчи.

лушпа | ж.

Кора со која е обвиткан плодот на овошките, семето, јајцата и друго. Лушпа од јаболко. Лушпа од орев. Пченкарни лушпи.