лабилен | прид.

Што е непостојан, што е несигурен; Лабилен статус. Лабилно соединение.

лаборант | м.

Тој што работи во лабораторија, лабораториски техничар.

лабораторија | ж.

Специјално опремена просторија во која се изведуваат научни експерименти, се изработуваат разни препарати или се контролира технолошкиот процес. Хемиска лабораторија. Фармацевтска лабораторија. Училишна лабораторија.

Лабрадор | м.

Полуостров во Канада.

лав | м.

(зоол.) Вид голема дива мачка со жолтеникаво крзно и голема грива кај мажјаците; Panthera leo. Лавот е цар на животните.

лава | ж.

Вжештена вулканска маса со различен хемиски состав, магма што се излеала од вулкан на површината на Земјата. Со ладењето на лавата настануваат вулкански карпи.

лаванда | ж.

(бот.) Растение со ситни ливчиња и ситни мирисливи синовиолетови цветови; Lavandula spica.

лавина | ж.

Големо количество снег што се одронува од стрмните планини. Снежна лавина.