мучник | м.

Сандак во кој паѓа брашното (во воденица).

муџахедин | м.

Назив за борец од исламските земји.

мушавере | ср.

Договор, советување. Прават мушавере.

мушама | ж.

Восочно или гумирано платно (непропустливо). Ја завитка тетратката во мушама. Парите ги чуваше во парче мушама.

мушамен | прид.

Што е направен од мушама. Мушамен мантил. Мушамена покривка.

муши | несв.

Боде, набодува, наденува.

мушичар | м.

Тој што лови со таков мамец, мучички;

мушичарка | ж.

Вид трска за ловење риба со таков мамец;

мушичка | ж.

(зоол.) Вид ситни инсекти со две крила, двокрилци; Bibionidae. Ситни мушички. Водата беше полна со раски и удавени мушички. Ми влезе мушичка во окото.