мушка | несв.

Боде, бутка; вовира. Војникот со пушката ја мушкаше в слабина. Ја мушкаше главата во топлата пазува на мајка си.

мушкало | ср.

Тој што (се) мушка.

мушмула | ж.

Овошно дрво со ниско стебло или поголема грмушка со мали тркалезни плодови со многу семки што се јадат откако ќе омекнат; Mespilus germanica.

мушне | св.

Турне, удри. Го мушна со кундакот.

мушта | ж.

Заоблен чекан со кој чевларите ја набиваат кожата.

муштерија | м.

Купувач, потрошувач; корисник на занаетчиски или други услуги. Имаше многу муштерии. Лесно наоѓаше муштерии.Стар муштерија. Нов муштерија. Берберницата се наполни со муштерии.

муштулук | м.

Подарок за доносителот на убава, радосна вест.

муштулџија | м.

Лице што прво ќе донесе, ќе јави радосна вест, убав глас.