п | глас

Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена според местото на образување, избувлива според начинот на образување.

па 1 | сврз.

За поврзување еднакви делови, зборовни состави или дејства што се надоврзуваат или следуваат едно по друго; и, та. Ја извади шамијата од глава, па фати да реди. Погледна во насобраните, па почна да брои.

па 2 | чест.

За засилување на исказот. Е, па, не може тоа така. Па и ти најде да зборуваш. Па да пукне човек од мака.

па 3 | прил.

паб | м.

Кафеана во Велика Британија и Ирска во која се точи и се пие алкохол (обично пиво), најчесто стоејќи. Тројца мажи влегоа во пабот. Пабовите беа затворени.

паберка | ж.

Плод што останува во полето по редовната берба или по жетвата.

паберкува | несв.

Собира паберки. Децата паберкуваа по обраните лозја.

павијан | м.

Вид африкански мајмуни со глава слична на куче, јаки заби и голема грива која ги покрива рамениците; Papio hamadruas.

павилјон | м.

Мал градежен објект или мал ограден простор, обично дрвен и покриен, што има повеќе намени (за одмор, починка во планина, парк, градина). Во душевната болница имаше современо опремени павилјони. Во предградието имаше дрвен павилјон, шестоаголно поставен во зеленилото.