руфет | м.

Облека; мода во облекувањето. Го поднови руфетот.

руча | св. и несв.

Изеде, јаде ручек. Аргатите седнаа да ручаат. Гостите ручаа пастрмка на скара. Секој петок тој руча посен грав.

ручек | м.

Оброк што се јаде напладне. Готви ручек секој ден. Ги викнаа сватовите на ручек. Свечен ручек.

ручка | несв.

Во детскиот говор ‒ јаде. Сега детето ќе ручка супа.

рушвет | м.

Бакшиш како поткуп, мито за завршена работа или што треба да се заврши. Не даде рушвет и молбата му беше одбиена.

рушветчија | м.

Оној што прима рушвет.

рушветчилак | м.

Давање и примање поткуп.

руши | несв.

Претвора во урнатини, разурнува, урива. Градежните работници ја рушеа старата зграда. Ураганот рушеше куќи, далноводи.

рушител | м.

Човек што руши, што урива, што уништува нешто. Рушителите на старата фабрика ја започнаа својата работа рано наутро.