работи | несв.

Врши некоја работа, е зафатен со некаква работа, се занимава (професионално, редовно) со некаква дејност. Барем да имавме нешто да работиме. Само три дена во неделата работи. Таа работеше аргатка на лозјето. Нејќе да работи селска работа. Тие работеле дома тутун. Тој работеше како мајстор на една голема куќа. Жена му работи во пошта.

работилиште | ср.

Место каде што се работи, изведува нешто. На работилиштето товараа руда.

работилница | ж.

Работна просторија во која се изработува или се поправа нешто. Шивачка работилница. Механичарска работилница.

работлив | прид.

Што сака да работи, вреден, трудољубив, работен. Таа беше тивка и работлива жена.

работник | м.

Тој што се занимава со физичка или интелектуална дејност. Градежен работник. Наемен работник. Културни работници. Научен работник. Просветен работник.

работница | ж.

Работна жена.

работнички | прид.

Што се однесува на работник. Работничка класа. Работничка партија. Работничка облека.

работништво | ср.

Општ назив за работници, за работничка класа. Прогресивно работништво.

работоводител | м.

Тој што ги води работите; тој што раководи или управува со работите.