саатчиски | прид.

Што се однесува на саатчија; часовничарски. Саатчиски дуќан.

сабајле | прил.

Наутро. Сабајле стануваше рано. Заминуваат в недела сабајле.

сабајле | ср.

Утро. Сабајлето беше ведро.

сабајлешен | прид.

Што се однесува на сабајле; утрински. Сабајлешна средба.

сабар | м.

Трпение, стрпливост

сабар(ли) | прид.

Трпелив, стрплив.

сабја | ж.

Студено оружје од челик со издолжена форма, кај сечилото малку закривена, што се носи на ремен на колковите и се чува во корици. Остра сабја. Сабја со позлатена рачка. Замавна со сабјата.

сабјарка | ж.

(зоол.) Вид риба; Pelecus cultratus.