сабјест | прид.

Што има форма на сабја. Сабјест лист. Сабјести заби.

сабјолик | прид.

Што личи на сабја; сабјест.

сабота | ж.

Шести ден од неделата, ден по петокот. Таму сабота е пазарен ден. В сабота заминува. Во саботите планинареше.

саботажа | ж.

Тајна, однапред смислена активност со цел попречување на процесот на работа на претпријатие, организација и др. Подготвуваа саботажа. Се случуваа саботажи, бојкоти, протести.

саботажен | прид.

Што се однесува на саботажа. Саботажна активност. Саботажни акции.

саботен | прид.

Што се однесува на сабота. Саботна вечер. Саботно попладне.

саботер | м.

Тој што прави саботажа. Млад саботер. Саботерот беше фатен.

саботерски | прид.

Што се однесува на саботер и саботерка.

саботерство | ср.

Активноста на тој што е саботер. Нивните постапки не можат никако поинаку да се протолкуваат освен како саботерство.

саботира | несв.

Прави саботажа. Тој ја саботираше работата на проектот. Со нивното отсуство ја саботираа конференцијата.