туфка | несв.

Се јадосува, кука, гласно жали, тагува. Старицата беспомошно офкаше и туфкаше над болниот.

туфка | ж.

Прамен коса.

туфче | ср.

Украс на капа како снопче, китче.

туце | ср.

(разг.) Свивка пари. Извади туце од џебот и почна да брои.

туч | м.

Бронза. Ѕвонче од туч.

тучалник | м.

За Божиќ – ден на кој се мрси.

тучен 1 | прид.

Што е од туч, бронзен.

тучен 2 | прид.

Што е со тук, мрсен. Тучна чорба. Тучни печива.

тучи | несв.

Храни некого со мрсни јадења.

тучница | ж.

Едногодишно растение со стебло што се разгранува по земјата, со месести, светлозелени и сочни листови и мали, жолти цветови; Portulaca oleracea