уши | и.

Множина од уво.

ушиќари | св.

Искористи некоја ситуација да добие материјална добивка на лесен начин.

ушица | ж.

Метален дел на алатка со отвор во кој се става рачка, држалје и сл.; уво 4. Ушица од секира. Со ушиците од мотиката ги разбиваа грутките земја.

ушиште | ср.

Аугументатив од уво. Магарешки ушишта.

ушка | прил.

На вратот, обично носи некого на вратот и рамениците од друг човек; Го качува девојчето ушка. Кренете ги децата ушка додека да излезе од трњево.

ушка | несв.

Тера добиток, обично магаре со извикот уш. Го ушка магарето.

ушле | м.

Тој што има големи уши.

ушлест | прид.

Што има големи уши. Ушлест човек.

ушне | св.