хазардер | м.

Тој што игра игри на среќа, што игра хазардни игри.

хазардира | св. и несв.

Стави, става сè на коцка; игра хазардни игри.

Хаити | и.

Остров и држава во Карипското Море, Средна Америка.

Хајделберг | м.

Град во Германија.

Хајдерабад | м.

Град во Индија.

хајка | ж.

Гонење на диви животни заради лов. Хајка на волци.

хајкач | м.

Тој што учествува во хајка.

хакер | м.

Тој што умешноста и знаењето за работа со компјутер ги користи за нелегален упад во големи компјутерски системи и внесување компјутерски вируси и сл., заради имотна корист или свое лично задоволство.

хала | ж.

Голема, пространа просторија. Фабричка хала. Саемска хала.

халабука | ж.

Врева, викање, метеж, неред. Направи една халабука и си отиде.