хуманизам | м.

(истор.) Прогресивно движење во филозофијата, науката и уметноста од XIV и XV век коешто се темели врз почитување на човечкото достоинство и ослободување од феудалните и црковните догми. Хуманизам во сите пори на општеството. Процут на хуманизмот и ренесансата.

хуманизација | ж.

Прифаќање и применување на ставот втемелен на човекољубие и почит кон човековото достоинство.

хуманизира | св. и несв.

Направи, прави некој или нешто да стане похумано; исполни, исполнува со човекољубие и почит кон човечкото достоинство; очовечи. Напредните идеи го хуманизираат општеството. Поетот низ творештвото го хуманизирал својот јазик.

хуманист | м.

Претставник на хуманизмот.

хуманистички | прид.

Што се однесува на хуманист и хумани Хуманистички поглед. Хуманистичка порака. Хуманистички вредности.

хуманитарен | прид.

Што се однесува на општествените науки кои го изучуваат човекот и неговата култура. Хунанитарна наука.

хуманитарец | м.

Тој што работи за хуманитарни цели. Хуманитарци на „Црвениот крст“. Хуманитарците први притрчаа на помош.

хумор | м.

Претставување на настаните, појавите, човечките слабости и недостатоци на шеговит, духовит, ненавредлив начин. Лесен хумор. Уличен хумор. Смисла за хумор.

хумореска | ж.

Краток расказ со духовита, шеговита содржина со определена, но не особено изразена уметничка вредност. Популарна хумореска. Пишување хуморески.