хуморист | м.

Автор на хумористични дела. Писател хуморист. Истакнат раскажувач, есеист и хуморист.

хумористика | ж.

Хумористична литература.

хумористичен | прид.

Што се однесува на хумор, што содржи, што е проткаен со хумор. Хумористичен расказ. Хумористична нота. Хумористична серија. Хумористични народни песни.

хумус | м.

Горен слој од земјата, богат со хранливи материи настанат со распаѓање на животински и растителни остатоци под влијание на микроорганизми. Плоден хумус. Хумус во почвата. Збогатување на земјата со хумус.

хумусен | прид.

Што се однесува на хумус, што содржи хумус. Хумусно земјиште. Хумусни материи.

Хун | м.

Припадник на древен народ од азиско потекло.

хунта | ж.

Политичка или воена организација карактеристична за Шпанија и за земјите на Латинска Америка.

хурија | ж.

Девојка во муслиманскиот рај, рајска, небесна убавица.

хусар | м.

Лесно вооружен војник од редот на унгарската коњица. Чета хусари. Хусарите јуришаа први.