чајник | м.

Сад за приготвување чај.

чајџилница | ж.

Угостителски објект каде што се служи чај.

чај-шеќер | м.

Шеќер во коцки.

чакал 1 | м.

Вид диво куче; Canis aureus.

чакал 2 | м.

Ситен кршен камен. Го зеле ангарија да крши чакал по џадињата.

чакален | прид.

Што се однесува на чакал2. Чакална покривка.

чакалест | прид.

Што има многу чакал2. Чакалеста почва.

чакалиште | ср.

Место каде што има многу чакал2.

чакарест | прид.

За очи ‒ што се шарени, различни по боја кај еден човек. Чакарести очи.