чутура | ж.

Дрвен или метален сад за вода, вино. Дај една чутура вода.

чучер | м.

Чешма со дрвено корито.

чучи | несв.

Обично во детскиот говор ‒ седи. Чучи тука, па да папаме.

чучне | св.

Седне; Чучни до мене.

чучулига | ж.

Мала појна птица поголема од врапче, со кафеави пердуви со прекрасен глас; Alauda.

чучулига | несв.

чучур | м.

Извор од кој водата истечува преку цевка или дрвен жлеб.

чушка | ж.

Мешунка. Афионова чушка. При зреење чушката лесно пука и памукот лесно се вади.