шаваспур | м.

Вид тенка, проѕирна ткаенина од свила или од лен, газа. Кошула од шаваспур.

шавне | св.

Престане да мирува, мрдне. Во тревата нешто шавна. Птицата на дрвото шавна.

шагрен | м.

Специјално обработена кожа што се користи за изработка на чевли и сл.

шадрван | м.

Фонтана, водоскок, чешма со повеќе отвори. Прекрасен шадрван во градината. Разнобојни цвеќиња околу шадрванот.

шажбој | м.

Ниска од стари, бели парички заплетена во косата што ја носеле девојките.

шаин | м.

Сокол дресиран за лов.

шаит | м.

Очевидец, сведок.

шајак | м.

Вид цврсто ткаен материјал од волна, груба и цврста ткаенина; сукно. Домашен шајак. Квалитетни и скапи шајаци за изработка на машка облека. Дебел шајак.

шајачен | прид.

Што е направен од шајак. Шајачни панталони. Шајачно палто. Шајачен елек.

шајбна | ж.

Дел од некоја машина, возило, трактор – плочка (метална, пластична, гумена и сл.) во вид на прстен што се става под навртка за подобро затегнување; прстенест ремен. Движењето се одвива преку оската на големата шајбна.