ѓаволштина | ж.

Ѓаволеста, шеговита постапка. Нејзините ѓаволштини беа непресушливи. За што друго можеше да му треба тоа дрво ако не за некаква ѓаволштина.

ѓак | м.

Тој што се подготвува да се замонаши во манастир. Тој е манастирски ѓак.

ѓакон | м.

Свештено лице што му помага на свештеникот (или епископот) при богослужба; припадник на најнискиот од трите чина во црковната хиерархија.

ѓаконик | м.

Просторија покрај олтарот или вдлабнатина во олтарот што служи за чување црковни предмети за кои обично се грижи ѓаконот.

ѓаконство | ср.

Ѓаконска должност, служба.

ѓаконува | несв.

Врши должност на ѓакон.

ѓаур | м.

Неверник, христијанин, немуслиман; Таму имало луѓе-ѓаури што не признавале ни цара ни везира

ѓаче | ср.

Дете што му помага на свештеникот за време на големите празници при богослужбата.

ѓебре | ср.

Крпа од грубо платно со која се тимари, трие коњот.