љубов | ж.

Длабока емотивна наклонетост, силно чувство кон некого. Брак од љубов. Прва љубов. Вистинска љубов. Тој ѝ изјави љубов. Страда од љубов. Невозвратена љубов.

љубовен | прид.

Што се однесува на љубов. Љубовна врска. Љубовна игра. Љубовен занес. Љубовни изјави.

љубовник | м.

Тој што има љубовна врска со жена без да е во брак со неа. Нејзиниот љубовник беше далеку. Слушнете ја тагата на овој несреќен љубовник.

љубовничар | м.

Тој што често ги менува љубовниците, женкар.

љубовџија | м.

Тој што често ги менува љубовниците, женкар, заводник. Голем љубовџија е тој!

љубознаен | прид.

Го гледаше со своите детски љубознајни очиња.

љубомора | ж.

Чувство на душевна болка поради сомневање во нечија љубов, верност и сл. Целиот гореше од бес и љубомора. Се сеќаваше на љубомората на бившата жена, на сите блажени неспокојства.

љубоморен | прид.

Што чувствува љубомора. Таа беше љубоморна на помладата сестра. Беше лут и љубоморен на жената.

љубомори | несв.

Чувствува љубомора. Таа ѝ љубомореше за успесите.