љубопитен | прид.

Што покажува интерес за стекнување нови знаења. Вашето дете е многу љубопитно.

љубопитко | м.

Тој што е љубопитен. Ама голем љубопитко си бил!

љубопитник | м.

Тој што е љубопитен. Го пречекаа љубопитниците.

љубопитство | ср.

Во срцето ѝ тлееше притаено љубопитство.

љубопитствува | несв.

Е љубопитен.

Љуботен | м.

Планински врв во Македонија.

љубува се | несв.

Се восхитува, гледа нешто со уживање. Се љубуваа на убавината на природата.