ќарлија | прид.

Што спечалил, што заработил нешто, што е во добивка. Излезе ќарлија од таа работа.

ќарџија | м.

Тој што е лаком по пари, по заработка.

ќатип | м.

Писар. Општински ќатип. Градски ќатип.

ќафир | м.

Неверник, каурин.

ќе | чест.

Честичка за образување идно време, минато-идно време и идно прекажано време. Ако не побрзам, ќе задоцнам на состанокот.Јас ќе го зготвам ручекот. Ќе да беше полноќ кога се враќаше од полето.

ќебап | м.

Јадење од дробенки месо, варено или печено на ражен.

ќебапче | ср.

Мелено месо обликувано во мала валчеста форма и испечено на скара.

ќебапчија | м.

Тој што пече и продава ќебапчиња.

ќебапчилница | ж.

Гостилница во која се печат и се продаваат ќебапчиња.