џагори | несв.

Создава, прави џагор. Луѓето џагореа во дворот.

џагорлив | прид.

Што е гласен, бучен. Џагорлива толпа. Џагорливо корзо.

џагуре | ср.

Дете на помала возраст. Каде е она деветгодишно џагуре што фрлаше камчиња.

џаде | ср.

Пат. Тргна по џадето кон своето село.

џадија | ж.

Лоша жена.

џака | несв.

Вика, вреви.

Џакарта | ж.

Главен град на Индонезија.

џакузи | ср.

Мал базен со млазови вода под притисок што создаваат релаксирачко струење.

џам | м.

Прозорско стакло; прозорец. Носот го залепи на џамот од прозорецот. Џамовите на старата куќа беа искршени.