Резултати за пребарувањето: а

лоткар | м.

Лице што управува со лотка. На крмата седеше лоткар. Лоткарот мавташе со веслото.

лоцира | св. и несв.

Смести, сместува нешто на определено место, определи, определува место на нешто.

пранга | ж.

(арх.) оков Фатените бунтовници ги оковаа во пранги. Го водеа низ градот со прангии на нозете.

зацака | св.

Почне да цака, да испушта звук со специфично местење на јазикот и забите. Кога виде што направиле децата, зацака со јазикот.

зајчар | м.

Вид ловечко куче со кое се ловат зајаци.

зајужи | св.

За времето како метеоролошка состојба – се затопли.

гаќест | прид.

зафучи | св.

Почне да фучи. Зафучи еден ветар, сѐ ќе подмрзне. Зафучеа коњите во шталата.

зајуга | св.

За југавица – почне да испушта звуци. Однекаде зајуга југавица.

празов | прид.

Што е од праз. Празово перо.