Резултати за пребарувањето: а

зајаде | св.

Почне да јаде; јаде. Децата зајадоа од манџата.

профан | прид.

Што не е свет, што не е црковен; световен. Профана литература. Профана архитектура.

заитан | прид.

Што е брз. Заитан патник.

гајрет | м.

Помош, поддршка, услужност. Гајрет не му треба, само одмена и разговор.

право- 2 | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на право (правобранител, правосудство).

камата | ж.

Добивка што се прима за позајмени или вложени пари; интерес. Парите ќе ги врати во најскоро време со голема камата.

бербат | прид.

Нечист, валкан (само во изрази).