Резултати за пребарувањето: а

зафрла | св.

Почне да фрла. Детето зафрла од песокот. Зафрла од цепените дрва кон визбата.

пченка | ж.

Житна култура со високо стебло и плод во вид на кочан со наредени крупни зрна; Zea mays. Хибридна пченка. Ронење пченка.

матало | ср.

Стап за матење.

катана | ж.

Крупен коњ.

гледан | прид.

Што е негуван, чуван. Детето беше добро гледано.

заплет | м.

Замрсена состојба, збрка, компликација. Заплетот на ситуацијата ги стопира сите преговори.

пушкар | м.

Занаетчија што изработува и поправа пушки, пиштоли и сл.

пчелар | м.

Лице што се занимава со одгледување пчели.