Резултати за пребарувањето: а

задува | св.

Почне да дува; Задува силен и студен ветер.

матало | ср.

Стап за матење.

зацари | св.

Прогласи некого за цар. Тој го зацари својот единствен наследник.

исаска | св.

Каже нешто со шепот, неразбирливо; промрмори. Тој исаска нешто неразбирливо.

пченка | ж.

Житна култура со високо стебло и плод во вид на кочан со наредени крупни зрна; Zea mays. Хибридна пченка. Ронење пченка.

глибав | прид.

Каллив. Одеа по глибавата полјанка.

пчелар | м.

Лице што се занимава со одгледување пчели.