Резултати за пребарувањето: а

пуздра | ж.

Месо од стомачниот дел со многу малку хранливи состојки;

задова | несв.

вчепка | св.

Зграпчи, вчапи, грабне за гуша. Веднаш ја вчепкале и ја одвлекле. Вели дека ќе ме вчепка и ќе ме врзе за некое дрво.

глупак | м.

Тој што е глупав.

задник | м.

Долниот заден дел од телото на човекот; заден дел од животно; газ. Тој падна на задник наземи. Скокна како нешто да го боцнало во задникот. Го удираше магарето по задникот.

кломпа | ж.

Дрвен чевел; вид обувки со дрвен ѓон.

мачило 1 | ср.

Мачење, труд, мака. Со мачила ги изгледа децата.

птичар | м.

Човек што се занимава со одгледување и фаќање птици.

задише | св.

Почне да дише слободно, без тешкотија. Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради. Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко.