Резултати за пребарувањето: а

разгон | м.

Лековито растение со мовлести листови и светлосини или светловиолетови ситни цветови; Veronica officinalis.

нагнои | св.

Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној. Ја нагноивме добро нивата. Овците лежеа на нивата, добро ја нагноиле.

разден | м.

Разденување.

киниса | св.

Почне да оди, да се движи, тргне. Брзо киниса кон својата одаја.

задова | несв.

разбор | м.

Разбирање, сфаќање, проценување, разумност. Нели има разбор, ќе се разбереме.

вчепка | св.

Зграпчи, вчапи, грабне за гуша. Веднаш ја вчепкале и ја одвлекле. Вели дека ќе ме вчепка и ќе ме врзе за некое дрво.

задник | м.

Долниот заден дел од телото на човекот; заден дел од животно; газ. Тој падна на задник наземи. Скокна како нешто да го боцнало во задникот. Го удираше магарето по задникот.

нагоре | прил.

Насочено во височина, кон горе. Искрите летаа нагоре. Гулабите се устремија нагоре. Погледна нагоре.

разбие | св.

а) Со удирање или при паѓање направи нешто да се искрши на парчиња, да се распрсне. Ударот на топката го разби стаклото на прозорецот. Не сакаа со сила да ја рабијат вратата. Силните бранови ги разбија карпите. б) Со удар или при паѓање повреди некој дел од телото. Жалам што не му ја разбив веднаш муцката.