Резултати за пребарувањето: а

мецена | м.

Покровител на науката и на уметноста.

скреба | ж.

Растение што се вие околу друго растение, повит; Clematis vitalba. Газеа по младите пченици, опашани со ѓурѓовденско цвеќе и со скреби и пееја.

разлее | св.

Истури, исипе течност од сад. Сето млеко го разлеа од тенџерето.

голтар | м.

Сиромашен, беден човек. Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката. Додека бев голтар, никој не ме мразеше.

задими | св.

Пушти дим некаде. Оџакот задими.

киниса | св.

Почне да оди, да се движи, тргне. Брзо киниса кон својата одаја.

Разлог | м.

Гратче во Пиринска Македонија, Бугарија.

задига | св.

Почне да дига. Тој ги задига рацете нагоре. Таа го задига фустанот и загази во водата.

раздол | м.

Место каде што се разделува еден дол во два или повеќе краци.