Резултати за пребарувањето: а

белица | ж.

Име за бела овца, коза.

засили | св.

Направи нешто да стане посилно, да се изрази, да се пројави во поголем степен. Тој го засили гласот. Виното им го засили расположението. Ветрот го засили пожарот. Партизаните ја засилија својата активност. Возот ја засили брзината по излегувањето од станицата.

мивтар | м.

Старешина на село; кмет.

раница | ж.

Специјална торба за храна и сл. што се носи на рамо; Полна раница. Празна раница. Носеше раница со храна на грбот.

задека | сврз.

горила | м.

Голем човеколик мајмун со црно крзно; Gorilla. Најблиска сродност човекот има со шимпанзото и со горилата.

мечкар | м.

Тој што води дресирана мечка.

засири | св.

Таа го засири млекото.

задева | несв.

Предизвикува некого со закачки; задира, вознемирува. Никого не задевај и никој нема да те задева.