Резултати за пребарувањето: а

задере | св.

Почне да дере;

издрпа | св.

Грубо истрга, истегне, влечејќи и кинејќи; Кучињата го издрпаа скитникот.

кланик 1 | м.

Место покрај огниште каде што стојат дрвата. Седна покрај згаснатиот кланик.

задене | св.

Закачи, стави нешто во друго нешто. Рацете ги заденал во широкиот појас. Пиштолот му беше заденат за појасот.

белица | ж.

Име за бела овца, коза.

ракија | ж.

Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.

служба | ж.

Работа на службеник. Стапи на служба. Напредува во службата. Доби државна служба. Ја загубил службата.

задека | сврз.