Резултати за пребарувањето: а
ракија | ж.
Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.
задека | сврз.
мецена | м.
Покровител на науката и на уметноста.
јадење | ср.
(само едн.) Глаголска именка. Немаше време ни за јадење.
надолж | прил.
По должината. Ја пресече штицата надолж.
задева | несв.
Предизвикува некого со закачки; задира, вознемирува. Никого не задевај и никој нема да те задева.
белина | ж.
Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина.
рајбер | м.
Вид кука, резе за затворање врати, прозорци и сл. однатре. Вратата однатре е затворена со неколку големи рајбери. Таа ги провери рајберите на прозорците.
смачка | св.
Сплеска, столчи, направи нешто да изгуби форма. Таа го смачка јајцето. Каменот го смачка возилото што било паркирано тука. Тој со стапот смачка една грутка земја.
разучи | св.
Проучи, продлабочено научи нешто. Првиот дел од испитот го разучи до најситни делови. Проблемот го разучи во целост.