Резултати за пребарувањето: а

задева | несв.

Предизвикува некого со закачки; задира, вознемирува. Никого не задевај и никој нема да те задева.

белина | ж.

Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина.

ракија | ж.

Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.

смрека | ж.

Зимзелено иглолисно растение од фамилијата чемпреси од чии плодови (црвени или црни бобинки) се прави ракија; Juniperus communis. Гранка од смрека. Стари смреки.

задача | ж.

Определена работа што треба да се исполни, да се изврши; обврска. Беше среќен што ја исполни задачата како што треба. Нејзина задача е да ја пречека колоната и да отвори оган на неа. Тој никогаш не заборави на задачите што ги беше зел на себе.

ракиен | прид.

Што е за сместување, за чување ракија, за пиење ракија. Ракиено шише. Ракиена бочва. Ракиени чаши. Ракиени казани.

ракита | ж.

Вид ниска врба со црвеникава кора; Salix purpurea. Крај реката нависнале ракити.

зададе | св.

Постави, даде некому како задача да реши нешто. Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам. Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.