Резултати за пребарувањето: а
ишарет | м.
Знак, гест. Се разбраа со ишарети.
загори | св.
Почне да гори; гори Огнот полека загори.
абажур | м.
Штит на ламба од платно, хартија, стакло или од други материјали што ја ублажува светлината и ја насочува во определен правец. Свети ламбата со абажур направен од обичен картон.
милина | ж.
Чувство на задоволство, уживање, пријатност. Му се исполни душата со милина кога ја слушна песната.
корица | ж.
Надворешна заштита на книга, првиот и последниот лист, направени од подебела хартија, картон и др. Книга со луксузни корици. Предна корица.
спојка | ж.
Тоа со коешто се спојува, се поврзува, се составува нешто.
рамно- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење ист, еднаков со некој друг или со нешто друго според означеното со вториот дел од сложенката (рамноправен, рамноделен, рамнозначен, рамнокрак, рамносилен).
корија | ж.
Шума со високи дрвја, гора. Собира печурки во коријата над селото. Пресекоа дрво од коријата.
спраши | св.
распоп | м.
Свештено лице лишено од чин или што се откажало од свештениот чин. Еден распоп ми зборуваше. На едно место се сретнаа попови и распопи.