Резултати за пребарувањето: а

загони | св.

Почне да гони;

засуши | св.

Направи да стане сув, да изгуби влага. Тој ги засуши мокрите алишта на ќумбето и пак ги облече.

вршина | ж.

Плева. На празното гумно се креваа густи облаци од вршина.

затаен | прид.

Што е скриен, прикриен. Затаен данок. Затаен живот.

ракета 1 | ж.

а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети.

аптека | ж.

Продавница во која се подготвуваат и се продаваат лекови.

накрка | св.

Нахрани, најаде некого до прејадување. Ги накрка децата и ги пушти да си играат.

ракета 2 | ж.

Лопатка за играње пинг‒понг. Кинески ракети. Силен удар со ракетата кон левиот агол.