Резултати за пребарувањето: а

минтан | м.

Вид горна машка или женска облека со долги тесни ракави.

затече 2 | св.

Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба. Дождот нѐ затече на нива. Ја затеков разбудена. Тој ги затекол децата како берат сливи.

минува | несв.

минира | св. и несв.

Постави, поставува мини. Теренот беше миниран.

клопак | м.

Голем клопец.

намали | св.

Направи нешто да биде помало, смали. Го намалија бројот на работниците. Им ги намалиле платите. Судот им ја намалил казната. Ги намалиле цените на лебот.

разучи | св.

Проучи, продлабочено научи нешто. Првиот дел од испитот го разучи до најситни делови. Проблемот го разучи во целост.

разрие | св.

Изрие, раскопа. Разријте ја таа грамада, расчистете го патот. Тој ја разри земјата околу себе. Водата ја разри браната.

затина | несв.

кломпа | ж.

Дрвен чевел; вид обувки со дрвен ѓон.